Повторно не е постигнат договор меѓу синдикатите и Владата, на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет.

Предлогот на синдикатите е инфлацијата, која минатата година беше 14,5 проценти, да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите, пишува весникот Вечер.

– Предложивме инфлацијата, која минатата година беше 14,5 проценти, да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите – кажа вчера претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Според него, прифатлив е моделот од две и пол години за да се добие методологија како во делот на минималната плата, со тоа што ќе има просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две години.

– Но, како ССМ, сметаме дека доколку од септември се случи тоа, да почне примената на општиот колективен договор за јавниот сектор, функционерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив така и за работниците – рече Трендафилов.

Според Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации (КСОМ), новата владина методологија никој не може да ја разбере. Според него, покачување од 600 до 1.000 денари е неприфатливо за работниците и не сака да верува дека Владата само купува време со овие преговори.

Целиот текст во ВЕЧЕР.