И денешната средба меѓу претставниците на Владата и Синдикатот за образование, заврши без конкретен епилог. Од Владата информираат дека договориле состаноците да продолжат и викендов за да се утврди процентот на покачување на платите што ќе се планира и евентуално ќе се реализира преку ребаланс на буџетот.
До недела вечер треба да се знае дали ќе има договор за децата во понеделник да се вратат во училиштата и градинките. Од СОНК не откриваат детали од денешната средба затоа што за неа прво ќе се дискутира во синдикалните тела.