Претседателот на СДСМ Зоран Заев од митингот од тетовскиот плоштад порача дека разноликоста блика во Тетово и градот претставува симбол на мултиетничноста.

Тој вели дека вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Тетово ги поздравил Унијата на млади сили на ВМРО, Унијата на жени, но заборавил да ги поздрави тетовци.

– Цело време со мене си правел муабет, па јас вчера не бев во Тетово. Еј мајката што им е на луѓево. Го гледам продолжува со погрдни зборови со зла мисла. Мицковски кој вчера од тука од Тетово ми се заканувал. Се заканувал и тој од христијанско братство, но како се заканувал, како христијанин или за Христијан (Мицковски). Во христијанство нема закани туку има помагање. И Силјановска тргнала по Мицкоски, а тој по Груевски. Не бива таа работа.Не нудат ништо, ниту кажуваат како. А, зборуваме за претседател на нацијата, за прв човек во државата. Има една песна се вика „Strangers in the night“ како странци во ноќта се изгубени до крај – рече Заев.

Зоран Заев – Стрејнџерс ин д најт.mp3

Ремикс на векот!

Gepostet von Ремет МК am Mittwoch, 10. April 2019

На видеото во 1.04.00

Митинг во живо од Тетово

Gepostet von Stevo Pendarovski am Mittwoch, 10. April 2019