Нови два напади од кучиња скитници се пријавени вчера во полициските станици во Скопје.

Вчера во 17:15 часот во Полициската станица Центар, К.И.Н. (42) од Скопје пријавила дека во Градскиот Парк нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник на левата нога.

Истиот ден во 11:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Б.(74) од Скопје пријавил дека на претходниот ден околу 14:00 часот на улица „Коце Металец“ бил каснат од куче скитник на десната нога.

Нападите од кучиња станаа секојдневие, а се регистрираат само тие што се пријавуваат во полиција.