Дисциплинската постапка за претседателот на Собранието Талат Џафери за прекршување на Етичкиот кодекс со пцовки и навреди кон вработените во Собранието „падна во вода“. За дневниот ред не гласаа пратениците од мнозинството кои имаат и мнозинство во Комисијата за деловнички и имунитетни прашања.
Advertisements
„Сметам дека дневниот ред не е одобрен и се затвора оваа седница“…
Мнозинството оценува дека Собранието под раководство на Џафери добило високи пофалби од меѓународните институции.
„Не смееме да дозволиме Собранието да стане циркус, не смееме да дозволиме Собранието да стане театар, не смееме да дозволиме Собранието да биде дел од остварувањето на теснопартиските интереси на партија која промовира активна блокада“, рече Арбер Адеми, ДУИ.
Пред неколку недели, кога опозицијата почна активно да го блокира законодавниот дом, Џафери гласно ги пцуеше и навредуваше службите од секторот за седници. Со ова опозицијата оцени дека е прекршен Етичкиот кодекс на пратеникот. Самиот Џафери оценува дека не го прекршил Етичкиот кодекс.