Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот Шилегов, Владата на РС Македонија од денеска (03.08.2021, вторник) воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.
Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, информираат од Градот Скопје на нивниот фејсбук профил.
Од Град Скопје апелираат доколку забележите пожар веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на телефон 193 или во Центарот за управување со кризи, на телефон 195.