Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати благодарност до сојузниците во НАТО за помошта во гасењето на пожарите во Македонија.

-Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин – Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас. Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј!- напиша денеска Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

Како што веќе објавивме, низ Македонија се активни повеќе шумски пожари. Македонските авиони за гасење пожари се заглавени повеќе години поради тендер за сервисирање, а хеликоптерите не може да се користат ноќе.

А вчера хеликоптерот на АРМ, кој интервенирал во Кумановско, како што изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, немал доволно гориво да стигне да гаси во Кочани.