Едно време владеше правило дека судски одлуки не се коментираат, само се спроведуваат. Тоа во духот на ропската „филозофија“ дека наведната глава сабја не ја сече. Но, сега не е така.
Граѓаните и во секојдневните контакти и на социјалните мрежи ја коментираат правдата и често пати подобро и од експертите за правда. Еве подолу еден коментар за правдата што се дели во Македонија, а се однесува на пресудите на Миле Јовановски, татко на притворениот Боки 13 и за пресудата за скубењето за коса на актуелната вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во настаните во Собранието на 27 април 2017 година:
– Татко му на Боки Тредичи доби 6 месеци затвор затоа што го претепа свештеникот. Дедото што ја искуба Рада доби 4 години затвор. Рада утредента отиде и даваше интервју на ТВ, а свештеникот лежеше в болница со тешки телесни повреди. Има разлика, нели?- коментира корисникот на Твитер.
А познато е дека актуелната владејачка гарнитура дојде на власт со шарена револуција и извици по улиците: Нема правда, нема мир!
(Д.Г.)