Паролата со која приврзаниците на актуелнава власт настапуваа во тн. шарена револуција и го рушеа „режимот“ беше „нема правда, нема мир“, која сега може да се трансформира во „нема правда, има мир“.
Застарува уште едно дело за кое беше обвинет бизнисменот и ексдиректор на ДБК, Сашо Мијалков.
Апелационен суд Скопје на 13 април следната недела треба да одржи седница за жалбите по првостепената пресуда за повторената постапка за случајот „Титаник 2, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица
Седницата на 30 март во Апелација беше одложена, бидејќи присутни беа само поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот член на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, додека не беа присутни лидерот на ДПА Мендух Тачи и членовите на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои судот констатира дека биле неуредно поканети.
Во меѓувреме кривичното дело на Мијалков за „примање награда за противзаконито влијание” застарува, бидејќи се поминати повеќе од десет години од денот кога е обвинет.
мијалков
На Мијалков и натаму му се суди за „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“, кои Апелација ги укина и ги врати на повторно судење.
Од предметите кои се водеа против Сашо Мијалков, тој доби ослободителна пресуда за „Тортура“, затворската казна од една година и три месеци за „Плацови на Водно“ му беше заменета за четири години условна, додека единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“ во кој се спогоди со обвинителството. Тој одлежува три години, во затворот од отворен тип во „Струга“, откако ја промени својата адреса на живеење.
На 23 јануари годинава, Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, тогаш поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години, додека на поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години.
реклама
Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.