Нема веќе со тротинет низ цел свет, барем не за вработените во Министерството за транспорт и врски на кои министерот Благој Бочварски забрани да ги носат в канцеларии тротинетите и да ги полнат.
Оваа е бонус мерка за штедење од министерот со која се дополнуваат мерките што ги донесе Владата.
На известувањето во просториите на петкатната зграда на Министерството за транспорт и врски, покрај досегашните е залепена и нова: Забрането качување со лифт на веспи, велосипеди и електрични тротинети и нивно полнење во канцелариите“.
Така сега, од субвенционирани, тротинетите влегова во фаза да бидат „инкриминирани“, во случај, се разбира, да се прекршува донесената мерка.
Владата, како што објавивме, ги задолжи државните институции од 1 септември да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто во споредба со истиот месец лани.