Бројот на загинати во политичката пресметка во либискиот главен град Триполи достигна 23, соопшти либиското Министерство за здравство.
Во судирите се повредени најмалку 140 лица, а 64 семејства се евакуирани од областа околу борбите.
Претходно беше јавено за најмалку 13 цивили кои загинаа во судирите што избија синоќа во главниот град на Либија меѓу силите кои поддржуваат две ривалски администрации.
Портпаролот на итната служба Малек Мерсет изјави дека бројот на загинати би можел да биде поголем бидејќи службите за итни случаи не можеле да стигнат до многу области поради конфликтот.
Мерсет рече дека многу цивили биле ранети во судирите што избувнаа во текот на ноќта.
Тој рече дека службите за итни случаи сè уште се обидуваат да ги евакуираат ранетите и цивилите заробени во борбите.
Општинскиот совет на Триполи ја обвини владејачката политичка класа за влошувањето на ситуацијата во главниот град и ја повика меѓународната заедница да ги заштити цивилите во Либија.
Мисијата на ОН во Либија соопшти дека е длабоко загрижена поради борбите, кои вклучија недискриминирачко средно и тешко гранатирање на области населени со цивили во Триполи.
Мисијата повика на итен прекин на огнот и сите страни во Либија да се воздржат од употреба на каква било форма на говор на омраза и поттикнување насилство.
Во судирите се спротивставија силите на Револуционерната бригада на Триполи, предводена од Хајтам Таџури, против силите кои се во сојуз со Абдел-Гани ал-Кикли.