Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон го обвини рускиот претседател Владимир Путин за растечката британска криза на трошоците за живот и војната против Украина.

Џонсон за Дејли Мејл изјави дека рускиот претседател уживал знаејќи дека животот на многу Британци ќе стане тежок.

Според него, Путин верува дека како што наближува зимата, европските политичари ќе го омекнат односот кон рускиот претседател, како и санкциите поради војната и ќе почнат да „молат за руска нафта и гас“.