Пред еден час од прес-службата на Владата пристигна соопштение дека претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ќе оствари работна средба во Париз со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Во делегацијата се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон, се наведува во соопштението од Владата.

Слична ненадејна посета Заев имаше и на Турција пред пет дена. Во придружба на министерот за здравство Венко Филипче Заев вечераше со турскиот рпетседател Реџеп Таип Ердоган и од Турција се врати со 30.000 кинески вакцини.