Германија во вториот квартал од годинава потона во техничка рецесија. БДП на Германија во тој период се намали за 0,1 отсто, соопшти Дестасис.
Во вториот квартал до израз дојдоа сите негативни последици од трговската војна. Освен тоа во германската економија во вториот квартал има и пад на инвестиции во градежништвото.
Според аналитичари, таква состојба не е неочекувана. Ифо институтот во најновата проценка на расположение на германските потрошувачи го намален индексот на оптимизам од веќе негативните 2,1 во јуни на негативни 5,7 во јули што е најниско ниво во изминатите седум години. Тоа е и првпат „економските песимисти“ во Германија да ги надминат оптимистите.