Денеска има 101 позитивен на тестовите за коронавирус во Македонија, дознава неофицијално порталот 24 Инфо. Од нив 70 се од Скопје, а најмногу позитивни има од скопската општина Чаир.
Токму ваквите бројки се причина Комисијата за заразни болести да ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 часот до 5 часот во критичните места.
Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.
Активни случаи до вчера имаше 1.226 лица, од кои најмногу во Скопје – 658. Потоа следуваат Куманово со 140, Штип со 136 и Тетово со 119. По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се: Чаир 152, Бутел 59, Гази Баба 58, Аеродром 53,Сарај 52, Центар 52 и Карпош 40.