Најдолгиот поствоен судски процес во Германија заврши – денеска по пет години судски рочишта е осудена неонацистката Беате Цапе, обвинета за десет убиства.
Судот за Цапе (44), членка на Национал-социјалистичката база (НСУ) донесе казна доживотен затвор. Кообвинетиот Ралф Волебен е осуден за производство на оружје на десетгодишна затворска казна, третиот соучесник Холгер Г. доби три години, а четвртиот, Андре Е. 2,6 години.
Се очекува одбраната на Цапе да вложи жалба на пресудата.
Беате Цапе цели 14 години живееше скриена заедно со нејзините пријатели Уве Мундлош и Уве Бомхард. Ова трио беше обвинето дека во тој период убиле деветмина трговци со турско и грчко етничко потекло, и една полицајка-Германка, а извршија и два бомбашки напади во Келн при што десетици лица беа повредени.
Иако не се докажа дека Цапе била на некое од местата каде се извршени злосторствата, обвинителството наведе дека таа имала значајна улога во групата и тврдеше дека Цапе знаела за сите акции а нив и ги кораководела на свој начин.