На Стево Пендаровски му честитаат кандидатура за претседател на неговиот профил на „Фејсбук“. Стево Пендаровски беше еден од предлозите за заеднички кандидат на владината коалиција за изборите за претседател на државата, кои треба да се одржат на 21 април. Од владината коалиција се уште не е потврдена информацијата и се очекува тоа да биде сторено вечерва по средбата на лидерите на СДСМ и ДУИ.
Стево Пендаровски на минатите претседателски избори беше кандидат на СДСМ. Тој во вториот круг изгуби од кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов.