Несекојдневна глетка е забележана во албанскиот пристанишен град Драч, кој е најпосетувана дестинација од туристите во летниот период.

Само неколку метри од морскиот брег станало се невидливо.

-Туристите останаа изненадени од глетката што се појави вчера попладне блиску до плажата и на брегот на Драч. Како во филмовите, огромна магла падна над морето, ограничувајќи го погледот и обвивајќи го морето во мистерија, јавија албански медиуми.

Сепак,тоа не ги спречило туристите да останат да уживаат,но и другите туристи да направат резервации за да го поминат викендот на море.

Моментно во Драч летуваат илјадници туристи, најголемот број од Косово и од Македонија.