Како што предвидува Светскиот иновативен самит за образование до 2030 година, образовните системи во светот би можеле да претрпат значителни промени, пишува Нешнал џиографик.
Предвидено е училиштата да станат интерактивни средини каде што иновациите во технологијата и наставните програми фундаментално ќе ја трансформираат улогата на наставниците и ќе го променат начинот на учење.
Но, какви беа образовните системи во светот во 2018 година?
Секоја година, Светскиот економски форум го објавува својот извештај, рангирајќи ги земјите врз основа на светската економија.
Државите се рангирани според 12 столба на конкурентност, кои вклучуваат, меѓу другото, макроекономија, животна средина, инфраструктура, здравство и основно образование.
Мавританија се најде на последното место, на 137. место, а Швајцарија е на врвот.
Ова се некои од државите што се на самиот врв според квалитетот на образовниот систем:
11. Норвешка
Оваа земја великодушно ги финансира сите нивоа на образовниот систем. Јавното образование е бесплатно, освен на предучилишно ниво, каде што родителите плаќаат такси. Трошоците за образовниот систем, како процент од бруто-домашниот производ, се едни од најголемите во однос на другите земји. Норвешка во иднина може да се потпира на силни институции и добар образовен систем.
10. Нов Зеланд
Училиштата, универзитетите и институциите од оваа островска држава се светски познати по своите стандарди. Образованието во Нов Зеланд е насочено на учениците, на кои им нуди континуирана настава и напредок во учењето, така што стекнатото знаење на едно ниво ја поставува основата за следните чекори.
9. Германија
Иако оваа земја е светски позната по своето образование и високорангираните универзитети, образовниот систем во Германија минува низ постојани промени и реформи. Меѓу останатите реформи во последниве години се случи и реорганизација на гимназиите, додека на академско ниво е Болоњската декларација. Ова е преземено заради зголемување на вработеноста на германските студенти на глобално ниво.
8. Канада
Квалитетот на образованието и животниот стандард во Канада се меѓу највисоките во светот, но цената на живеење и школувањето за меѓународни студенти се генерално пониски отколку во другите земји, како што се САД или Велика Британија. Како таква, Канада е често најпосакуваниот избор за студентите.
7. Ирска
Повеќето ирски средни училишта се во приватна сопственост и управување, но финансирани од државата. Исто така, постојат сеопфатни и професионални јавни училишта. Сепак, неодамнешните извештаи покажуваат дека трошењето на Ирска за образованието опадна за 15 проценти за време на финансиската криза, што укажува на тоа дека нејзиниот образовен систем може да ослабне во иднина.
6. Холандија
Образованието во Холандија се смета за висококвалитетно. Според извештајот на УНИЦЕФ за 2013 година, децата од Холандија се најсреќни во светот. Училиштата не задаваат многу домашни задачи сè до средно училиште, додека учениците пријавуваат мал притисок и стрес. Училиштата се поделени помеѓу верски и „неутрални“, со мал број приватни училишта.
5. Катар
Катар многу инвестира во подобрување на образованието, како дел од проектот „Визија 2030“. Училиштата финансирани од Владата нудат бесплатно образование само за државјани на оваа земја, додека многу странски државјани обично ги испраќаат децата во приватни училишта.
4. САД
Во учебната 2016/2017 година, САД беа домаќини на над еден милион меѓународни студенти, што ја прави најголемата земја домаќин за мобилни студенти низ светот. Меѓународниот упис на студенти се зголеми и во текот на изминатата деценија. Сега има двојно повеќе меѓународни студенти во САД отколку во 80-тите години од минатиот век.
3. Финска
Финска веќе рутински го надминува рангирањето на глобалните системи за образование и е позната по тоа што нема ограничувачки системи – сите ученици, без оглед на способностите, учат во исти одделенија. Како резултат, јазот меѓу најсилните и најслабите студенти е најмал во светот. Финските училишта исто така задаваат релативно малку домашни задачи и имаат само еден задолжителен тест на 16 години.
2. Сингапур
Сингапур се оценува многу високо во тестовите на Програмата за меѓународни студенти (ПИСА), кои ги мерат и споредуваат перформансите на студентите во различни земји. Сепак, училишниот систем на оваа држава е познат по тоа што уште од рана возраст ги става учениците под голем стрес.
1. Швајцарија
Само пет проценти од учениците посетуваат приватни училишта во Швајцарија. Лекциите се изучуваат на различни јазици во зависност од швајцарскиот регион, при што најчести јазици се германски, француски и италијански. Од средно училиште, учениците се разделуваат врз основа на способноста.