Вагони на товарен воз на МЖ Транспорт, што сообраќал од Куманово кон Скопје, се излизгале ноќеска околу два часот на излезната свртница кај  кумановската железничка станица, поради што е во прекин железничкиот сообраќај, потврдија за МИА од железничкото претпријатие.

Оттаму информираат дека во несреќата нема повредени лица и оти според првичните информации е причинета голема материјална штета.

Во тек е истрага за причините на несреќата. Од  МЖ Транспорт најавуваат дека ќе објават соопштение со детали за несреќата.