Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска манифестира нестрпливост во врска со приемот во НАТО.
– Нестрпливи сме да го видиме нашето знаме пред седиштето на НАТО. Тоа ќе биде и наш влог во идните генерации, кои што очекуваат да им обезбедиме сигурна иднина и да им обезбедиме шанса за повеќе просперитет, објави Шекеринска на Фејсбук.
Нестрпливоста не е доблест, особено не е добра особина да се манифестира во политиката и посебно во воените структури. А флоскулата „сигурна иднина и шанса за просперитет“ станува политички проѕирна.