Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Хезболах и Либанската држава да внимаваат што прават, обраќајќи се на конференција во Ерусалим.
– Внимавајте што зборувате, а пред се што правите, порача Нетанјаху.
Проирански Хезболах го обвинува Израел дека во неделата извршиле напад со беспилотно летало на негово упориште во јужниот дел на Бејрут, најавувајќи дека ќе возвратат на тој „чин на агресија“.
Либанскиот претседател Мишел Аун го оцени нападот како„израелска „изјава за војна“.
Нетанјаху му порача на Хасан Насралах да се смири, осврнувајќи се на изјавата на лидерот на Хезболах во неделата, кој вети дека ќе возврати на Израел.
Во саботата, Израел објави дека извршил напади во Сирија против иранските сили. Хезболах соопшти дека две лица се убиени.
Нетанјаху вчера рече дека е подготвен да се брани со сите потребни средства од Иран.