Израел и Русија ќе работат заедно за да обезбедат повлекување на странските сили од Сирија, изјави премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху по враќањето од Москва.
-Претседателот Путин и јас се согласивме за заедничка цел – повлекување на странските сили од Сирија, кои дојдоа тука по избувнувањето на граѓанската војна. Се договоривме да формираме работна група, која ќе работи на оваа цел заедно со другите, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер не даде повеќе детали за работната група, а официјалната Москва сé уште не излезе со коментар.
Нетанјаху, за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, истакна дека Израел ќе продолжи со нападите врз цели на иранските сили и Хезболах во Сирија.