Не постои можност Европска Унија да и понуди на Велика Британија долгорочно одложување на Брегзит поради претстојните европски избори, изјави денеска британскиот министер за трговија Лиам Фокс.

– Би бил шокиран, бидејќи мислам  дека тоа не е возможен исход. ЕУ не сака Британија да биде спорен фактор на европските избори, посочи Фокс коментирајќи ја можноста дали Брегзит може да се пролонгира за две години.

Тој додаде дека е можно Велика Британија да излезе од ЕУ на 29 март, како што е планирано.

Британската премиерка Тереза Меј претходно изјави дека ако се случи пролонгирање на Брегзит, тоа ќе трае до јуни.