Властите на Израел најавија изградба на повеќе од 20.000 станбени единици на територијата на источен Ерусалим.
– Потпишавме спогодба за изградба на 23.000 нови станбени единици во Ерусалим, што е инвестиција вредна 276 милиони долари, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во порака на социјалните мрежи.
Градбата на новите еврејски населби е планирана во наредните пет години.
Израелската телевизија Канал 7 јави дека спогодбата за изградба ја потпишаа претставници на Министерството за финансии, Заводот за катастар и градските власти на Ерусалим.
На церемонијата присуствуваше и премиерот Нетанјаху.
Израелската окупација на Источен Ерусалим трае од 1967 година, а илегалната анексија на целиот Ерусалим од 1980 година.
Меѓународната заедница и Обединетите нации никогаш не ја признаа израелската анексија на Ерусалим, а изградбата на еврејските населби се третира како илегален чин.