Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не се согласил со неодамна објавениот план на Комитетот за мир за разоружување на Хамас во Појасот Газа. Израел добил „нацрт“ и одговорил со коментари, наместо со одобрување.
Тоа е прв јавен одговор од Израел на планот за разоружување на Хамас во замена за повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на 31 јули објави дека Комитетот за мир постигнал даоговор за „целосно разоружување“ на Хамас, но тоа беше дочекано со скептицизам.
Главниот спор е околу точниот редослед на процесот на разоружување, како и кога и како Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе се повлечат од Појасот Газа. Нетанјаху нагласи дека израелските сили нема да се повлечат од своите „тековни линии“ сè додека Хамас не го предаде своето оружје.
Изминатите месеци, израелската армија ја прошири својата контрола врз палестинската енклава и сега контролирај над 60 проценти од нејзината територија, во споредба со претходните 53 отсто.
Хамас, од своја страна, го услови предавањето на своето тешко оружје со повлекувањето на израелските сили од Појасот Газа.




