Ракета од германската компанија „Rocket Factory Augsburg“ (RFA) експлодира за време на тестирање во подготовка за лансирање во вселенското пристаниште Шетланд, на северниот британски остров Унст.
Од РФА најавија дека операциите наскоро ќе се нормализираат и дека ситуацијата е под контрола, додека во инцидентот нема повредени, пренесува Гардијан.
Од компанијата додаваат дека соработуваат со космодромот и властите за да се открие причината за експлозијата.
Унст се наоѓа на самиот север на Британија и таа локација значи дека ракетите лансирани оттаму не поминуваат над населени места и немаат ограничување на тежината на оптоварување.
фото: „Х“