Лековити се и плодовите и листовите и семето, а посебно сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно влијае врз работата на цревата и спречува инфективни болести.

Дуњата, есенско овошје, претставува вистинска витаминска бомба. Освен минималната количина на калории, богата е со протеини, јагленихидрати, диетални влакна, а содржи и многу танин и пектин.

Од витамини најмногу содржи витамин Ц, но во голема количина содржи и каротен (провитамин А), витамини Б1 и Б2, како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур, хлор.

Семките од дуња содржат дури 15% масло и големи количини од важниот амигдалин, односно витамин Б17 кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танини, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протидом. Се оставаат во вода да отстојат за да испуштат слуз. Оваа течност е одлична за бели дробови.
Поради сето ова, дуњата е исклучително лековито овошје.

Лековити се и плодовите и листовите и семето, а посебно сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно влијае врз работата на цревата и спречува инфективни болести.

Сокот од дуња ако се свари со иста количина шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа.
Печена или варена дуња се препорачува при воспаление на желудечна и цревна слузокожа, но и за лекување на анемија.
Чај од цветови од дуња помага во смирување на кашлица, а чајот од семки делува смирувачки, помага при инсомнија, и го неутрализира лошиот здив.

”СИРЕЊЕ” ОД ДУЊИ

Дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, паткино, јунешко и месо од дивеч. Французите со векови прават „сирење“ од дуњи кое се приготвува така што 2 килограми дуња се вари со кора додека целосно да омекне.

Кога ќе се изладат, дуњите се сечат на парчиња и се пасираат. Добиената маса се мери, па се додава одговарачка количина на шеќер (на 1 ½ кг пире од дуња се додава 1 кг шеќер). Сето повторно се готви на тивок оган околу 45 минути со постојано мешање. Веднаш по готвењето, сирењето од дуња се претура во одговарачка тепсија, плиток стаклен сад или во помали чинии.

Кога ќе излади, десертот треба да се исече на коцки, извалка во шеќер, па да се стави на темно и суво место да отстои.

Ова е силен извор на енергија, а може да се консумира и како лек за подобрување на дигестијата. Не се препорачува единствено за дијабетичари и луѓе со вишок килограми.

ЧАЈ ОД ДУЊИ

Чај од плодот за смирување на кашлицата, за дишните патишта, зарипнатост и бронхитис:
Измијте го, исчистете го и пресечете го плодот на четири делови. Отстранете ги семките и тврдиот дел околу нив, а меснатиот дел исечкајте го на листови и веднаш ставете во еден литар вода за да не ја промени бојата.

На тивок оган варете ја дуњата околу 15-20 минути, а потоа оставете да излади. Процедете го чајот и пијте го во голтки, во текот на целиот ден.

СИРУП ЗА БРОНХИТИС

Народен лек против кашлици и воспление на дишните патишта, можете да го приготвите многу едноставно од само неколку семки од дуња.

Постапка: издробете пет семки од дуња и прелијте ги со 100 мл вода. Кога ќе се создаде густа слузеста течност, додадете 15 г свеж сок од тегавец и 100 г мед од жалфија. Се консумира по 1 лажичка трипати дневно пред оброк.

СОК ЗА ЖЕЛУДНИК

Тегобите со варењето на храната можете многу лесно да ги елиминирате со сок од дуња.

Постапка: измијте и истно изрендајте 1 кг дуњи, па процедете ги низ газа. Сокот веднаш испијте го зошто многу брзо оксидира. Најдобро е да го испиете пред јадење, на гладно.

МЕВЛЕМ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ

Мевлемот се приготвува од семки од дуња.

Постапка: издробете 10 г семки од дуња, прелијте ги со 200 мл вода и почекајте да се создаде слузава течност. Нанесувајте ја на заболениот дел од телото, директно или како облога.