Петкратниот светски снукер шампион Рони О’Саливен ја одбрани титулата на шампионатот во Престон откако во финалето го совлада Нил Робертсон со 10:4.
Рони на тој начин стана првиот играч во историјата кој направил 1.000 троцифрени брејка.
Пред него, само двојца играчи успеале да ја минат бројката од 700 „сенчури“ – тоа биле Стивен Хендри (775) и Џон Хигинс (745).
О’Саливен, за кого навиваше буквално цела сала во финалето во Престон влезе во мечот со 997 троцифрени брејка. Во првиот дел од дуелот направи два и поведе 7:2, а до неверојатниот 1.000 „сенчури“ стигна со страшна серија од 134 поени.
Пред да ја внесе црвената топка за рекорд, мирно само го префрли стапот од десна во лева рака а публиката воодушевено му аплаудираше.
Ова е 35 рангирна титула за Рони во јубилејното 50 финале.
43-годишниот О’Саливен првата титула ја освоил токму во Престон во далечната 1993 година.
Delighted to win the Players Championship tonight in Preston and buzzing to have made my 1,000th century in the final frame ? Thanks to all my fans for the support. Hard luck to my fellow Aussie @nr147 a class act and an even better human ?? pic.twitter.com/wzxNoJ1rqO
— Ronnie O’Sullivan (@ronnieo147) March 10, 2019