Вечерва во Загреб се случило шесткратно убиство на „Цимерманова“ улица, јавија хрватските медиуми.
Овој ужасен чин ја крена на нозе цела полиција која трага по убиецот.
Од шесте убиени лица, четири се деца.
Масакрот го преживеало седум месечно бебе кое е хоспитализирано.
Нешто после еден часот, Јутарнји лист јави дека убиецот е уапсен.
Засега не се соопштуваат идентитетите на убиените лица. Телата биле пронајдени во една куќа, по дојава за пукотници.