Во крајно изнеданечен и помалку хаотичен натпревар, во кој отсуствуваа одбраните на двете екипи, со драма во последните десет секунди , македонска репрезентација во ракомет го победи И0сланд на гостувањето во Рејкавик 33:34.
Првото полувреме заврши нерешно 17:17. Во вториот дел, добри 20 минути имавме постојано водство од еден гол, за потоа Исланѓаните по наша грешка во нападот да го преземат водството. Сепак, нашата репрезентација не им дозволи на домаќините да се одлепат, но тие во последните две минути влегоа со гол предност. Ние изедначивме, потоа следеше последната минута, Исланд го загуби нападот на некои 50 секунди до крајот и се чинеше дека нерешениот резултат го имаме в рака. Плус напад.
Селекторот Брестовац побара тајм аут, и ги советуваше играчите да ја држат опката до крај, за потоа во последните секунди да шутираат кон голот.
Но, судиите по само десетина секунди игра од 60-тата минута ја кренаа раката за пасивен напад, а веднаш по тој притисок направивме грешка во напад. Исланд ја имаше топката в раце при нерешен резултат.
Со оглед на нашата порозна одбрана, се чинеше дека лесно ќе примиме гол и ќе го загубимке и бодот кој мислевме дека го ни е сигурен.
Тогаш настанува пресврт. На четири секунди пред крај на мечот, наместо да постигнат гол, Исланѓаните прават греша во нападот, а судиите судат пенал за нас. Пеналот го изведе Мансаков, голманот одбрани, но топката се одби до нашиот играч и вториот пат, безмалку во последната секунда, тој постигна гол за победа – 33:34.
Неверојатен меч и победа на нашата репрезентација. Натпреварот, инаку, се одигра во рамки на квалификациите за Европското првенство.