Стапката на невработеност во Турција во март изнесувала 10,1 отсто, што е за 0,5 процентни поени помалку во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт.
Ваквата стапка на невреботеност е најниска од март 2016 година, кога изнесуваше 9,4 проценти.
Според Институтот, во март во Турција имало вкупно 3,21 милиони невработени лица, што е за 432.000 помлаку во споредба со истиот месец лани.
Стапката на невработеност меѓу младите е намалена за 3,7 процентни поени на 17,7 отсто.