Сараево денеска го погоди силно невреме, пропратено со обилни врнежи, грмотевици и град.

За кратко време падна големо количество дожд, улиците се поплавени, поради што сообраќајот е отежнат. Издадено е жолто предупредување за подрачјето на Сараево, Бихаќ, Тузла, Ливно, Вишеград, Фоча и Мостар. Според податоците на хидрометеоролошкиот завод, исти временски прилики, се очекуваат и во наредните денови.