Поради невремето во Србија, во Чачак и во уште девет општини е прогасена вонредна состојба, а началникот на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Србија, Предраг Мариќ, посочи дека сите тимови од Секторот се на терен.

– Припадниците на Секторот за вонредни ситуации, заедно со тимовите за цивилна заштита, се на терен и ја следат ситуацијата, со цел по потреба веднаш да дејствуваат, наведе Мариќ.

Најавените обилни дождови, во текот на изминатата ноќ, најмногу проблеми предизвикаа во Аранџеловац, каде се евакуирани пет лица, додека во останатите места се оштетени патишта, мостови и сообраќајници.

– Нема повредени лица, нагласи Мариќ.