На социјалните мрежи денеска се појави информација за незадоволство кај специјалната единица „Волци“ во АРМ од последните настани и најавата за расформирање на полкот, што беше најавена и од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Според објавеното на социјалните мрежи, поради притисоците врз оваа специјална единица, утрово во касарна, двајца од „волците“ демонстративно ги фрлиле беретките со коментар:
– Извинете, ние овде не сме за пари, ние овде сме за Македонија!
Оваа информација нема официјална потврда.
Како што објавивме деновиве најавено е расформирање на оваа единица, а во некои медиуми беше објавено дека наводно слично нешто се планира и со специјалната единица во МВР „Тигри“.