Македонското културно друштво во Љубљана „Македонија“ организираше прослава на празникот „11 Октомври“ на која, според присутните, се одзвале најмалку 250 луѓе, што е повеќе од присутните на било кое одбележување на празникот во петокот во Македонија.

На прославата, химната на Република Македонија била изведена од пеачката Јасмина Гуњова, а потоа биле изведени и песните „Народе македонски“ и „Заплакало селото Ваташа“.

Присутните не ја признаваат „Северна“, а на прославата бил присутен и господинот кој при гостувањето на македонската фудбалска репрезентација со Словенија во Марибор, го покри низ цел град терминот „Северна“ на плакатите кои го најавуваа натпреварот.