Националниот совет на Независни Грци на денешниот состанок едногласно реши партијата да не учествува на изборите на 7 јули, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката доаѓа откако поранешниот коалиционен партнер во грчката влада, на европските избори пред две седмици освои само 0.8 отсто.
-Независни Грци и јас, денеска, решивме да ја соопштиме нашата одлука да не учествуваме на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец. Го слушнавме гласот на грчкиот народ. Моја должност е да продолжам да му служам на грчкиот народ. Ќе продолжам да бидам активен, рече Панос Каменос во неговото обраќање по состанокот на националниот совет на партијата.