Поранешниот британски министер за надворешни работи и кандидат за премиер на земјата, Борис Џонсон, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп, при неодамнешната посета, се обидел да го добие на телефон, но тој помислил дека и ја прекинал врската.

Тој рече дека добил повик од некој кој тврдел дека се јавува од Даунинг стрит.

„Таа личност имаше благ ирски акцент и рече дека повикува од централа број 10, и оти сака да ме поврзе со американски претседател кој сака да разговара со мене. И ми рече дека ќе ме поврзе со собата за ситуацијата во Белата куќа.  Јас размислувајќи брзо, како и обично, и реков „на сите ваши слушатели на радио Килкени, не ме измамивте ниту во еден момент “, рече Џонсон.

Потоа, Џонсон ја прекинал врската и го повикал бројот 10, каде што му било кажано дека тоа е претседателот.

Џонсон и Трамп на крајот се слушнале, а поранешниот британски шеф на дипломатијата изјави дека Трамп не само што му посакал добро, туку бил многу заинтересиран за „интензивирање на економската соработка и склучување на договор за слободна трговија”.

Трамп, исто така, побарал состанок со Џонсон, но тој морал да го отфрли, бидејќи се подготвува за кампањата за лидер на Конзервативната партија.