Претседателот на НГИ „Коалиција на Египќаните“, Демир Далип вели дека премиерот Христијан Мицкоски е искрен пријател на припадниците на етничката заедница на Египќаните во Македонија.
-Тој, во детаљи и суштински ги познава проблемите и препреките со кои се сооќуваат припадниците на ова автохтона, лојална но истовремено и најранлива етничка заедница во Македонија. НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, е составен дел од коалицијата ,,Твоја Македонија ,,која го предводи ВМРО ДПМНЕ. Ние, како етниќка заедница , односно едно огромно мнозинство на Египќани ја поддрѓуваме политиката која ја спроведува Премиерот Христијан Мицкоски, особено во делот на промената на највисокиот правен акт, а тоа е Уставот на Македонија, и цениме дека тој наш став е автентичен, патриотски и во интерес на самата дрѓава Македонија. Но, истовремено , за да опстанеме и да не бидеме асимилирани од одредени центри на моќ, се надеваме на заштита и и интензивирање на интеграционите процеси од страна на лидерот и Премиер, Проф.Д-р Христијан Мицкоски, истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќаните“, Далип




