Уште 53 милиони евра за Бехтел и Енка, а на терен речиси ништо. 3,28 милијарди денари легнаа на сметката на турско американскиот кознорциум , потврдија од Јавното претпријатие за државни патишта се вели во прилгот на ТВ АЛФА. И овој аванс, како што може да се заклучи од одговорот од ЈПДП ќе биде за подготвителни работи .

Овие средства се наменети за авансно плаќање согласно со член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д, односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување на кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот, одговорија за Алфа од Јавното претпријатие за државни патишта.

Ова значи дека Бехтел и Енка добија 3 милиони евра повеќе од првично планираното. Според програмата за финасирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и 10 д вториот аванс требаше да изнесува 50 милиони евра

– средствата во износ од 3.100.000.000 денари (50.000.000 евра) се наменети за авансно плаќање согласно член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, стои во програмата за финансирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10 Д за 2023 година.

Првиот аванс чинеше 117 милиони евра народни пари ,а исто така требаше да се потрошат за подготвителни работи . Од подготвителните работи видовме поставување на 2 табли, ископ на малку земја и три пати најава дека стартуваат градежните работи . За коридорите нема проект, наводно треба да се гради и проектира истовремено .

Покрај овие пари според програмата , треба да се исплатат уште 25 илјади евра за капитални индиректни трошоци и уште 49.500.000 евра кои меѓудругото ќе бидат и за обезбедување канцеларии за надзорот. Се на се, според овој документ до крај на годината треба да бидат исплатени вкупно 250 милиони евра .

Изградбата на коридорите ја тресат низа скандали . Најново, опозицијата открива дека според документ кој стигнал до нив од свиркачи Дрин Ахмети е дел од изградбата . ВМРО – ДПМНЕ обелоденува дека внукот на Али Ахмети стои како подизведувач за ископ и други градежни работи и за тоа неговата со уште една фирма ќе добијат 1.3 милиони евра

Во документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката на фирмите на Ахмети, е наведено дека „Тор Индустриес“ е формирана во 2020-та година за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани во Македонија. Дрин Ахмети со Тор Индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас за која ќе зборуваме деновиве е вклучен во изградба на Коридор 8, договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи, рече Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ.

Вкупната вредност на проектот е 1.3 милијарди евра , но сомнежите се дека сумата ќе биде надмината бидејќи нема ниту основен проект, а ниту е завршена експропријацијата.