И Русија и Украина негираат дека стојат зад детонацијата и ја обвинуваат другата страна. Руската платеничката група Вагнер тврди дека украинските сили при повлекувањето ги разнеле речиси сите мостови на периферијата на градот за да го спречат напредувањето на нивните борците во опколениот град. Лидерот на Вагнер денеска му се обрати директно на украинскиот претседател.

-Владмир Александрович (Володир Зеленски). Украинците се борат, но животниот век во Бахмут им е краток, ден или два. Дајте им шанса да го напуштат градот. Градот е практично опколен. , му прача на Зеленски, Евгениј Пригожин, лидер на руската платеничка група Вагнер.

И покрај напредокот на руските сили кон Бахмут, војската на Украина вели дека ќе ја продолжи битката за источниот град и оти не планира да се повлече, иако во обраќање на телеграм, командатот на украинската извидувачката единица опремена со беспилотни летала добила наредба да го напушти градот, од кој по повеќемесечни жестоки битки речиси и да не остана ништо. Украина денеска нареди и делумна, но задолжителна мобилизација на семејствата со деца и изнемоштените лица од источниот град Купјанск, кој Украина го зазеде пред шест месеци, поради опасност од пробив на руските сили. семејзадолжителна евакуација на

-Окупаторот неминовно ќе ја почувствува нашата моќ. Моќта на правдата – во сите сетила на зборот. И сакам да им се заблагодарам на сите наши борци , вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Москва денеска соопшти дека внимателно го истражува како што вели вчерашниот терористички напад во руската област Брјанск, во кој загинале најмалку две лица. Киев и денеска отфрла инволвираност за случајот.