Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави интервју на македонскиот револуционер Никола Карев во кое тој недвосмислено се декларира како Македонец, а во кое прави јасна разлика меѓу Македонците и Бугарите.
– ИНТЕРВЈУ ВО 1903 ГОД. НА НИКОЛА КАРЕВ ВО КОЕ СЕ ГЛЕДА СЀ ШТО ДЕНЕС НЕКОЈ НЕ МОЖЕ ИЛИ НЕ САКА ДА ГО ВИДИ
Во 1903 год. Никола Карев, во интервју за грчки весник направил јасна дистинкција меѓу Македнците и Бугарите, декларирајќи се се себе како Македонец.:
-Македонец ли си? Го прашувам.
-Да….
…Ако Грција или Бугарија ни помогнат да се ослободиме единствено што може да добие секоја една од нив е само нашата благодрност.
41 година пред првото заседание на АСНОМ во 1944 година, период за кој Бугарија тврди дека нашите предци биле етнички Бугари, а историјата на Македонија – бугарска, во интервјуто со претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, за грчкиот весник Акрополис од 8 мај 1903 година, се вели:
-Македонец ли си? Го прашувам.
-Да
-И следствено Грк?
– За ова не знам – ми одговори – јас сум М а к е д о н е ц.
– Директен наследник на Александар Велики? му велам иронично.
– Да.
– И Александар Македонски што беше, ве молам?
– Не знам, но историјата вели дека бил Грк.
– Тогаш и ти како негов наследник, си Грк.
– Не – ми одговори.
– Значи – тогаш го прашувам пак – зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку (со помош) на Бугарија?
– Која Бугарија? Мислите на Комитетот?
-Да.
– Ти одговарам дека комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција ако го правеше истото ќе ја прифатевме со целото наше срце.
– Бугарската заштита ја гледате само површински, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.
– Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нѐ интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: “Си ја постигнуваме ли целта? Си ја добиваме ли нашата слобода? Но не не интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само нашата благодрност.
***
Никола Карев како и многу други Македонци, уште во 1903 година точно знаел што е, и не му требало да дојде 2 Август 1944 година и првото заседание на АСНОМ, или како што велат нашите соседи комунистите да му ја променат националната свест и самочувство со терор и мачење.
Тоа што османлиската империја дозволила да одат само во бугарска или грчка црква а немало македонска, тоа што таму во училиште (имало само црковни училишта), тоа што според “Милет” системот морале даде се пишат Бугари и што најчесто наместо етнички се произнесувале како припадници на црква (Бугари), и што биле изложени на жестока пропаганда од страна на соседните земји заради асимилација кон едни или кон други е друга работа сврзана со предизвиците на тоа време.
Тоа што и македонските револуционери свесно во дадени критични и за нив важни моменти за преживување го кажувале понекогаш тоа што Бугарија сакала да го чуе, а потоа продолжува е кој својата цел, е исто така дел од инстиктот за преживување во едно мошне тешко време, и изнудена ситуација која немала алтернатива.
Тие во Бугарија гледале некаков подржувач бидејќи во случај на нужда им дозволувала безбедно да се засолнат на нејзина територија, се разбира заради нејзини планови и интереси, чија крајна цел била различна од онаа на Организацијата, но патот до неа било полесно да се изоди ако се дава еден таков вид помош за засолнување при борбата да се потисне османлиската власт, па потоа во даден поволен момент полесно да им биде на бугарските војници да ја освојат територијата на Македонија. Едноставно и Бугарија и ВМРО имале свој интерес, но и различна крајна цел.
Интересно и што се гледа во понатамошниот дел на интервјуто, е што Грците во таа 1903 година сметале дека Бугарите ги подбуцнуваат Македонците против Грците бидејќи Македонија ја сметале за своја земја. Исто како што и Бугарите и Србите низ историјата, делумно и денес го велат истото едни за други, сметајки ја Македонија за своја.
Србите знаат да кажат дека ова е Стара Србија, а во одредени периоди низ историјата лепеле етикети на бугараши или Бугари на Македонците кои изразувале македонско самочувство. За среќа тоа не е присутно денес.
А Бугарите секој кој се смета за Македонец со македонско, а не со бугарско самочувство, дури и денес, и тоа масовно го квалификуваат како Србин, србофил или србоман или слична етикета. Во нивниот светоглед нема простор за Македонец со македонско самочувство.
Значи ако не сакаш да добиеш таква етикета, единствена опција ти ја оставаат да кажеш дека Македонците се Бугари.
***
Еве го останатиот дел од интервјуто:
– Добро ако се ослободите што сакате да бидите, автономија?– Да, вели Карев.-Како што се изјасни погоре, Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја побара да биде автономија, тогаш ослабнува Грција, а тоа го сака и „Панславистичка Етерија.“– Зошто го бара? Прашува Карев.– За еден ден да нѐ пороби и нас и вас и да ги најде слабите точки за да го стори тоа полесно, му велам. Карев за момент изгледаше замислено (вели новинарот), а јас побрзав да го прекинам монологот:– Зошто не сакате да се обедините со Грција?– Затоа ако нѐ земе, Грција ќе стане една голема држава, следствено монархија. Во таков случај ќе произлезат големи зла. Второ, Грција ќе нѐ натера да војуваме со Бугарија, а ние не сакаме.�– Вие што сакате?�– Ми ја покажува капата: – Сакаме Република.�– Демократија и пријателство со Бугарија�– Не само со Бугарија туку и со секој што ќе ни помогне да се ослободиме�– Со Бугарија сакате да се обедините?�– Не! не!, реагира Карев.�– И тоа ли го проповеда комитетот?�– Да, одговори Карев.�– Тогаш зошто Комитетот, кој толку многу се грижи за вашата независност, не бара заштита од Грција, која има голема должност да ве ослободи, туку се приклонувате кон варварите?�– Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек што паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави… Овој човек ќе се фати ли во тој момент за сѐ пред себе, дури и со змија? Во таква положба сме ние, дури Турчин да ни пружи рака за спас, ќе ја грабнеме со благодарност.�– Но грчките првенци и учители зошто ги убивате кога немате ништо против никој.�– Тоа се лаги. Одговори Карев. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци, и секој што нѐ предава.�– Тоа се изговори за гревовите! Уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за тој ваш комитет.�– Таквите работи ги измислувате вие Грците, како и другите.�– Кои други?�– Ете тие во Солун! Поставивте луге за да го направат тоа што го направија, за да го оцрните комитетот, – вели Карев. Новинарот веднаш по неговиот опис го дава следниот коментар:�– Неможев да се воздржам. Страшно се насмеав, што предизвика љубопитност кај сопственикот на хотелот, Таку Квата, кој ми се приближи и ме праша „Што ти вели?“ Тоа и тоа му одговорив.�– Да, Да, ова што ви го велам јас, – повтори Карев – е едно дрво што ја проби земјата и израсна. Зошто да не го вадат сите за да порасне?�– Да, но знаете со што го вади Бугарија му велам. Со отров кон грцизмот.�– Да, ова полевање нас нѐ натера да ги свртиме гранките кон страна кон која, признаваме, не нѐ врзува ништо и да бегаме од вас, со кои немаме иста и крв и историја. Ова е некој начин протест против грчкото интересирање за нас.�– Ова што го велиш е резултат на бугарското полевање, зашто Грција никогаш не престанала да ве подржува и со писменост и со оружје Карев пак не ми одговори.�– И сега по последните настани, што мислите да правите го прашав – вели новинарот – (мислејќи на Горноџумајското востание од 1902 година).�– Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.�– Да, но знаетели дека зад таа борба се крие подла нечесна борба?�– Тоа нас не нѐ интересира! Доволно е да си ја постигнеме нашата цел.�– Значи и со убијства?�– Штом се вршат за доброто на еден народ.�– Имате право, какви учители имате, такви лекции научивте. Карев пак не ми одговори. Стана и полека излезе од собата, а зад него сите гости во хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови.
Со ова и завршува интервјуто на Карев дадено за весникот „Акрополис“.
***
Има ли нешто нејасно? – пишува Груевски.