Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави ноќно видео од делница на автопатот Охрид–Кичево, информирајќи дека 40 километри од автопатот веќе се пуштени во функција.

Тој изрази надеж дека голем број македонски граѓани токму по оваа сообраќајница ќе патуваат кон Охрид за време на божиќните празници, нарекувајќи го градот „Балкански Ерусалим“.

Николоски упати и честитки до сите работници кои, како што наведува, со посветеност и труд придонеле за изградбата на автопатот, посакувајќи им на граѓаните среќни празници – Бадник и Божиќ.