Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес во Собранието на Република Македонија поднесе Предлог закон за изменување и дополнување на ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН, по скратена постапка, напиша денес потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
КАТАСТРОФАЛНАТА ПОЛИТИКА ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ГИ ДОВЕДЕ ТУТУНАРИТЕ НА РАБ НА ЕГЗИСТЕНЦИЈА.
Цената на откупот е 160 денари што е за 60 денари пониска откупна цена од ланската. На терен реалната цена е уште ПОНИСКА и од тие 160 денари. За ситуацијата да е уште полоша во Македонија без никаков план и стратегија се увезува тутун, додека тутунот во Македонија скапува, нема откуп, а и тој откуп што го има е по цена која не е доволна ни за да се покријат трошоците.
Со овој Предлог закон БАРАМЕ И ПРЕДВИДУВАМЕ 3 КЛУЧНИ РАБОТИ:
• продолжување на рокот за откуп на тутунот до 31ви март 2021 година,
• обезбедување на сигурност за склучување на договор за откуп и покрај тоа што е веќе
поднесен приговор,
• допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун
Цел на овој закон кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага е решавање на проблемите со кои се соочуваат тутунарите во Македонија.
Доколку овој закон не биде прифатен уште еднаш ќе се докаже дека власта не се грижи за македонските земјоделци и маката на тутунарите не се вреднува, напиша Николоски.