Попис во држава како Македонија, која е мултиетничка и во која процентот на населението игра клучна улога во остварување на други права, покрај статистичка, е и политичка операција. Затоа е потребен консензус. Ние апелиравме уште од летото минатата година дека треба да седнат клучните фактори во државата и да изградат консензус околу пописот. Наместо тоа, власта шверцерски го пушти законот со европско знаменце, истакна Александар Николоски за Канал 5 додавајќи:
Ние поднесовме суштиснки амандмани, нтиу еден не беше прифатен и не знам како сакаат сега да ја изведат оваа операција. Нашето клучно барање е да се попишуваат само тие кои се присутни во Македонија, а не и тие кои се надвор до државава и тоа да се направи со отпечаток од прст како најдобар начин да се верификува присуството, изјави Николоски.