ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица на министерот Крешник Бектеши од ДУИ кој денеска предложи партиите кои ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката, информираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски рече дека изјавата на Бектеши отвора дилеми:

– Дали тоа значи дека Крешник на Али Ахмети му подготвува свилен гајтан? А можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуби изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е, секако, да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе се сели таму откаде што е Бектеши, во Кичево – рече Николоски кој денеска беше во посета на локалната власт во Прилеп.

Oд опозициската коалиција ВРЕДИ исто така рекоа дека ја прифаќаат фрлената ракавица и ѝ порачаа на ДУИ да потпишат изјави на нотар дека тој што ќе изгуби никогаш повеќе да не се занимава со политика.