Според Алексадар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој пред малку гостуваше на Канал 5, Никола Димитров му работи зад грб на Зоран Заев и брифирал десетина новинари од таборот на СДСМ дека благодарение на него, лидерот на СДСМ и претседател на Владата не ги прифатил барањата на Бугарија за обезличување на Македонија и македонскиот народо, тврдејќи дека доколку не бил тој, Заев веќе би се потпшал под барањата на Софија.

Според Николоски, ова е фрлена ракавица до двајцата, барајќи одговор од Заев дали знае за ова. Николоски смета дека ова е обид на Димитров да се извлече од позицијата во која тој, Заев и Османи се најдоа по потпишувањето на Договорот за добрососедство, оставајќи го Заев сам на ветрометина

Николоски, како што кажа, ја фрли и втората ракавица, односно јавно запраша дали е вистина дека Заев, односно функционери од неговиот круг, се подготвуваат за компромитација на членови од Комисијата за историја со Бугарија, бидејќи таа, откако се „усогласила“ за пет историски личности, не сака до крај да ја одигра улогата што Заев и ја наменил и не сака да ги потпише и последните барња на Бугарија кои се однесуваат на Илинеденскиот период и на Втората светска војна.

И третата новост која ја изнесе Николоски е дека во рамки на бизнис ветувањата кои Заев е спремен да и ги озвозможи на Бугарија, покрај еден рудник, една национална ТВ и друго, е државни акции во една компанија која има оптички кабел, што според Николоски, упатува и на безбедносни импликации кон сигурноста на Република Македонија. „Тие што ги знаат овие работи и кои се разбираат во тоа, знаат што значи ова ветување“, истакна Николоски.