Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на четвртата изборна единица, Александар Николоски вечерва гостува во најновото издание на емисијата „360 степени“ која се емитува на МРТ1 каде што за својот противкандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче истакна дека за изборна кампања злоупотребува човечки судбини и здравјето на граѓаните кои некогаш му биле пациенти, со тоа што им оди во посета на нивните домови и потоа слики постира на социјалната мрежа Фејсбук.
Николоски истакна дека лекарите не им вршат услуга на граѓаните кога ги лекуваат, тие пред се лекуваат со Хипократова заклетва и заради тоа лекувањето не треба да се пренесе на во политиката злоупотребувајќи ги за изборна кампања.
„Нечесно е да се злоупотребуваат човечки судбини и пациенти. Гледам оди по семејства кои што имаат болни или имале болни, се слика со нив и го објавува тоа на Фејсбук. Извинете, ама тоа е дно. Нема друг израз, затоа што докторите лечат со Хипократова заклетва да ги лекуваат оние на кои што им е најпотребно, не им вршат услуга. Затоа што во Македонија се создава впечаток дека кога доктор лекува некого, му прави услуга и сега тоа треба да се пренесе во политиката. Не треба да се злоупотребуваат човечки судбини за политичка кампања“, рече Николоски.
Николоски посочи дека неговиот против кандидат во четвртата изборна единица, посуштинско е да одговори на прашањата кои што тој континуирано му ги поставува во овие две недели кои тој ги избегнува, а поврзани со неколку скандали за периодот на неговото министерување со здравството.
„Имајќи предвид дека решил да се врати во политиката, граѓаните очекуваат одговори, зошто Македонија имаше највисока смртност во корона кризата од сите земји во регионот, што се случи со стерилизацијата која што отиде како јавно приватно партнерство на една албанска фирма, каква е неговата улога во обидот за препродажба на една приватна болница, тука во Скопје, на еден албански бизнисмен? Или, на пример, каква е неговата улога во набавката на вакцини од компанијата Страбри која што е регистрирана за трговија со јужно овошје во Хонконг или, на пример, каква е неговата улога во модуларната болница Тетово во која 14 луѓе го изгубија животот“, прашува Николоски.
Тој додава дека ова се легитимни прашања на кои што очекува одговор, како што е и добро да одговори која е неговата поврзаност со семејството Пановски, кое што е главен актер во случајот „Онкологија“, кој што ја тресе македонската јавност?
Што се однесува до власта ан СДСМ и ДУИ, тој истакна:
– Видете како изгледа реалноста во моментов, Талат Џафери е премиер, Стево Пендаровски е претседател, Бујар Османи е министер за надворешни работи, Фатмир Бесими е министер за финансии, Крешник Бектеши е министер за економија. Од првите 5 позиции, 4 се на ДУИ и тие не ги користат во корист на Македонија и македонскиот народ, ниту на албанскиот народ, туку во корист на ДУИ и добро знаат што прават, но за сопствената политичка структура, изјави Николоски.
Николоски потенцираше дека СДС се потонати во криминал и им дозволуваат на ДУИ да ја уништуваат државата и тоа уништување на државата може да се види во секое поле.
– Нема поле каде Македонија не тоне и каде нема уцена кон функционерите на државата. Неприродно е да политичка партија која има 12 пратеници односно 10% од вкупниот број, да владее со државата затоа што Али Ахмети е апсолутен газда на државата во моментов и тоа мора да го смениме, нагласи Николоски.
Николоски истакна дека ако сакаме да направиме промена, таа промена мора да е на начин на кој двете политички главни структури во оваа влада и СДС и ДУИ ќе одат во опозиција, во спротивно не може да има промени.
Затоа нашата цел е да освоиме најголем можен број пратеници со цел да имаме влада без ДУИ, за да може да се направи целосна реформа на Македонија, да ги поправаме работите кои се згрешија изминатиот период и секако тие кои треба да одговараат, да одговараат, изјави Николоски.