Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми дека ќе се градат мигрантски кампови во Македонија.
-Мислам дека досадни сами на себе ќе станеме, но еве во ред СДСМ се уште е втора политичка партија во Македонија, ќе видиме до кога. Ова нивно однсесување и оваа нивна политика ги донесе до дебакл, до бродолом во првиот круг на локалните избори, кои што мислам дека ќе бидат уште полош за нив во вториот круг. Оваа неконзистентна нивна политика и оваа политика која на ниеден начин не е заснована на факти, туку на лажни вести, омаловажување, плукање итн. Мене ми е сосема јасно дека ова раководство на СДСМ не може да сфати како е можно да направиме стартешко партнерство со втората политичка сила во светот, а притоа да не треба да промени знаме, устав, име, националност. Да не треба да промени се што сме и онакви какви што ние се прецепираме себе. Знам дека за СДСМ е непоимливо затоа што тие за секое „добар ден“ од повисок авторитет нешто од националниот идентитет на македонците менуваа. Да земеме сега да ги броиме од промената на парите, преку промената на знамете до промената на името еднашка не успеале било што да направат без нешто да дадат што на Македонецот му свето, рече Николоски за Радио Лидер.
Николоски потенцираше дека апсолутно нема да има мигрантски кампови.
-Ние со нашата политика водиме целосно различна политика и верувајте и верувајте сме многу повеќе ценети затоа што никој не сака на другата страна да стои некој што е потценет и што вели „јас име ќе сменам само да ме оставите да крадам“. Ние по крадењето не сме, ние го штитиме националниот интерес на Македонија и градиме сојузи во корист на Македонија. И јасно ми е дека на нив тоа им е непоимливо. И сега седат таму и викаат „абе мора да има нешто“. Во нивните теории на заговор не може да врзат дека нема ништо во позадина и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и владата градат сојузи кои не биле во минатото, заклучи Николоски за Радио Лидер.




