„По она што го видовме во Битола е сериозен знак на очајот со кој што е соочен СДСМ и особено нивниот кандидат во Битола, Христо Кондовски, кој што е најголемиот бандит воопшто кандидиран за градоначалник било каде низ Македонија. Кажав како што од Струмица прават Заевград, сакаат од Битола да направат Стентонград, но нема да им успее тоа“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски при средбата со граѓаните во Радовиш, одговарајќи на новинарско прашање.
Николоски додаде дека битолчани за овој обид на поткуп ќе го казнат СДСМ.
„И во очај соочени со јасниот пораз што им следува на изборите, се обидуваат да прават поткуп особено помеѓу ромското население на Баиро. Веројатно знаат но еве да ги информираме пред јавност дека изборниот поткуп е сериозно кривично дело за кое што казна затвор е од пет години нагоре. И ќе одговараат после овие избори. А, го повикувам и МВР уште веднаш да ги процесуира, доколку тоа не го направи затоа што се работи за кандидат од владеачката СДСМ, тоа ќе се направи после промената на Владата кога ќе бидат ослободени институциите, а пред се судството и обвинителството“, рече Николоски.
Николоски апелираше до сите останати кандидати за градоначалници на СДСМ да не се обидуваат да одат по стапките на Христо Кондовски, бидејќи и тие ќе одговараат пред Законот.
„Прашање за него да одговори, дали ова што се обидува да го подели како изборен поткуп е резултат на парите кои што ги добива од тендери, дали е за РЕК Битола, дали е за браната Отиња, или пак за останатите големи проекти, или за оној легендарен мост во Прилеп кој што буквално е некој 200 метри, а е најскапиот мост во светот. Дури мостот чини милион евра со три анекси кои што беа направени. Така што за сето ова ќе има одговорност после промената на власта“, нагласи Николоски.
Во врска со изборите во Радовиш, тој истакна:
„ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата програма за општина Радовиш и најдобрите кандидати и за градоначалник и за советници. Убеден сум во победа на локалните избори на 17-ти октомври. Сметам дека е извесно дека Ацо Ристов е новиот градоначалник на општина Радовиш. И повикувам на масовна, голема излезност со цел работата да се заврши уште во првиот круг. Да победи во првиот круг, за да веќе од 18-ти октомври да почнат да се менуваат работите тука во Радовиш. Исто така имаме исклучително квалитетна советничка листа која што се надевам дека ќе добијат мнозинство за да има една синергија помеѓу советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за да заеднички се реализираат проектите“.
Николоски додаде дека по локалните избори, се очекува и промена на владата. Граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите штети што и ги направи на Македонија со своите штетни политики.
„Така што Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со градоначалник и советник исто така предложени од ВМРО-ДПМНЕ ќе можат заеднички да ги реализираат проектите“, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ се бројни, реални и остварливи.